Малер на новогодишната трпеза: Зошто се јаде свинско и торта, а никако пилешко!

loading...

Поставувањето на богатата новогодишнатрпезанема за цел само да нè нахрани, туку секое јадење треба да биде внимателно одбрано, бидејќи со себе носи одредена симболика на среќа, напредок и благосостојба.
Покрај веќе традиционалната руска салата, свинското печено месо, салатата од зелка и тортата, на трпезата секако требало да се најдат и риба и грозјето, а еве и зошто:

Грозје


Грозјето, пред сè, е симбол на здравјето и силата, па се препорачува да се изедат по полноќ точно 12 зрна грозје, за секој месец по едно, за во претстојната година секој месец да сте здрави.

Риба


Бидејќи и за новогодишната вечер трае божикниот пост, рибата требало да се најде на вашата трпеза. Покрај тоа, таа го симболизира непреченото движење, движењето без препреки, па ви наговестува лесна година во која сите работи ќе „пливаат“.

Свинско месо


Свинското месо е симбол на изобилство и богатство.

Салата од зелка


Поради својата зелена боја ја имболизира хаморнијата на природата и добрата среќа како и долговечноста.

Торта


Поради самата своја структура која содржи многу шеќер, тортата е симбол на сласта. Тортата треба да биде од што побогати состојки за претстојната година да има повеќе сласт.

Заборавете го пилешкото месо
Она што никако не се препорачува на новогодишната трпеза е да јадете месо од перјани животни, бидејќи тие имаат крилја, па ја симболизираат среќата којашто ве напушта.