Малолетник удрен од автомобил, итно пренесен во болница, мртва жена пронајдена во Скопје, на маж му впериле пиштол пред малолетното дете…

loading...

Седумнаесетгодишен пешак  е тешко повреден денеска околу 10:30 часот во Гостивар кога во него удрил автомобил „Фосфаген џета“. Поради тежината на повредите од гостиварската болница тој е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.

Полицијата информира дека денеска околу 10:30 часот, на крстосницата на улиците „ЈНА“ и „Браќа Гиновски“ во Гостивар, автомобил „Фолсфаген џета“ со скопски регистерски ознаки, управувано од Б.И.(38) од Долна Бањица, Гостиварско, удрил во 17-годишен пешак од Гостивар.

Пешакот се задобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, пренесен е во Комплекс клиники ”Мајка Тереза” Скопје.

Денеска (13.03.) околу 11,00 часот полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го привеле Д.Ј.(35) од Тетово осуден на затворска казна од пет години за сторени кривични дела „измама“. По приведувањето, лицето е задржано во Полициската станица Тетово, по што е предаден во КПУ „Идризово“ во Скопје за издржување на казната.

На 12.03.2018 година во 15,00 часот во Секторот за внатрешни работи-Скопје од Итната медицинска помош е пријавено дека во с.Волково во нејзиниот дом била пронајдена почината Г.В.(71). Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје и Јавен обвинител. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

На 12.03.2018 година од Цементарница Усје АД, пријавено е дека во периодот од 01.01.2018 до 08.03.2018 година во фабриката била извршена тешка кражба на резервни делови кои се користеле во процесот на производство. Тешката кражба била извршена од страна на непознат сторител, во магацинот кој се наоѓал во кругот  на фабриката при што сторителот одзел 55 парчиња РОСТ плочи и 35 парчиња надворешен излезен сегмент за печка со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 850.000 денари. Се работи на расчистување на случајот.

На 12.03.2018 година Н.Ј.(38) пријавила дека околу 11,30 часот во населбата Шуто Оризари го пронашла нејзиниот 16 годишен син кој од нејзина страна бил пријавен како исчезнат на 11.03.2018 година.

На 12.03.2018 година А.Е.(56) од село Теново- тетовско пријавил дека околу 11,00 часот на улицата „Јане Сандански“ во Тетово застанал и го паркирал неговото возило „Голф 2“ со тетовски регистерски таблици, но не го заклучил, а клучевите ги оставил во брава. Во меѓувреме, непознато лице го искористило неговото невнимание, го одзел возилото и го напуштил местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот.

На 12.03.2018 година во 19,40 часот било пријавено дека во Скопје на улица „Борис Сарафов“ во аптека непознат сторител извршил разбојништво и со закана од вработениот одзел околу 21.000 денари, по што го напуштил местото на настанот. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Во 02 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје С.З. пријавил дека околу 22 часот и 30 минути додека се враќал кон неговиот дом лоциран на улицата „Крсте Арсенов“ заедно со неговата сопруга и малолетното дете, пред влезот од зградата ги забележал како стојат Ш.З. и Љ.З.

Тие почнале вербална расправа со него, а Љ.З. почнал да го влече и извадил нож и со истиот замавнал кон него, но С.З. успеал да се оттргне. Другиот насилник извадил пиштол, кој го репетирал и го вперил кон С.З. заканувајќи се дека ќе го убие.

Причина за нападот била нивна претходна расправија.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија Струга  поднесе  кривична пријава против А.М.(20) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „вонбрачен живот со малолетно лице“. Во текот на август лани во Струга пријавениот, во неговиот дом започнал да живее во вонбрачна заедница со 15 годишна малолетничка од Охрид, и покрај тоа што знаел дека била малолетна.