Малта печали луди пари од руските богати луѓе со едноставен трик

Во последните 3 години десетици руски бизнисмени и членови на нивните семејства добиле државјанство на Малта. Ова се наведува во информациите објавени на веб-страницата на владата на островската држава на ЕУ, цитираат руските медиуми.

На списокот фигурираат основачот и косопственик на “Јандекс”, Аркадиј Волож и членовите на неговото семејство, сопственикот на инвестициската компанија O1 Properties, Борис Минц и членовите на неговото семејство, членовите на семејството на косопственик на компанијата ICT Holding Ltd Александар Несис и др.

Генерално во последните 3 години државјани на Малта станаа повеќе од 730 лица, кои се познати во Русија, пишува Life.ru.

Русите граѓани споменати на списокот добија пасоши и државјанство на Малта во замена за инвестиција.

Според условите на програмата минималната инвестиција која е потребна за добивање на малтешко државјанство, е 880 илјади евра.

Тоа значи дека во малата држава се влезени милиони евра и податоците за неа и за економијата може да се видат на нејзиниот сајтот на ЕУ:

МАЛТА

Главен град: Валета
Површина: 315 км2
Население: 434.403 (2016 година)
Удел од вкупното население на ЕУ: 0,1% (2016 година)
Бруто домашниот производ (БДП): 9,898 милијарди EUR (2016 година)
Официјални јазици на ЕУ: малтешки, англиски
Политички систем: парламентарна република
Места во Европскиот парламент: 6
Валута: Евро.
Член на Еврозоната од 1 јануари 2008 година
Член на Шенген зоната од 21 декември 2007 година
Член на ЕУ од 1 мај 2004 година