Масакр во Шуто Оризари – Фото

Теле, крава и вол, среде улица, пред сега веќе надалеку познатата Амдипашината џамија во Шуто Оризари ден пред големиот муслимански верски празник Курбан Бајрам пред очите на децата, старите и изнеможтени граѓани се колеа животни.

Закланите животни ги донирал пратеникот Амди Бајрам. Се пофали дека трите телиња биле вкупно тешки најмалку 800 килограми. Оваа таканаречена „Хуманитарна акција“ продолжи и следниот ден. Бајрам постариот во соработка со иселениците Роми од Германија на сиромашните сограѓани им доделија месо, пренесоа дел од медиумите на ромски јазик.

Но, на социјалните мрежи „врие“ од негативни ставови за Елвис и Амди Бајрам. Помладиот кој е градоначалник на оваа скопска локална самоуправа, седнат до неговиот болен татко-пратеник, гледаат како се колат животни, реки крв се лие по улицата, гладен народ чека да земе беспари месо оти нема да купи, а децата со затворени очи го гледаат масакрот во нивното маало.

 

Извор: РТВ медиа