Маскирани и вооружени лица утрово ограбиле експозитура на Халкбанка во Бутел

loading...

Утрово е ограбена експозитура на Халкбанка во населбата Бутел 1 во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи за МИА потврдија дека грабежот се случил во 9.30 часот во експозитурата на улица „Бутелска“.

Го извршиле три непознати лица, маскирани и вооружени со пиштоли, кои одезеле одредена сума пари и го напуштиле местото.

Во моментов се врши увид и е засилено полициското присуство. Се  преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.