Маж со мерцедес удри пешак на патот Тетово-Скопје

loading...

Вчера во 18.30 часот на регионалниот пат Тетово-Скопје, во Групчин, се случила сообраќајна незгода во која автомобил мерцедес, со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.Љ. (34) од Тетово, удрил во пешакот Ќ.Д. (73) од тетовското село Чифлик.

По незгодата, пешакот со друго возило бил пренесен и задржан во тетовската клиничка болница за натамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово.