(ФОТО) „Медуза” над Грција: Македонски туристи заминале на летување, а ги дочекало невреме со град и снег, во еден хотел се излила и река

0
83

Македонски туристи кои во моментов се на одмор во Грција, наместо топло сонце и високи температури ги пречекал дожд, град, громотевици, молњи, па дури и снег. Причината е бурата „Медуза” која се појави над јужниот дел на Балканот.

„Изутринава не разбудија за да ги преместиме автомобилите, но само после половина час сите автомобили беа под вода. Сите оние од долните катови се евакуирани и преместени во други одморалишта, хотели на повисоки катови. Луѓето по костими за капење одат до своите автомобили низ длабоката вода од поројните дождови со цел да ги заштитат некако за да не отпловат” – јавуваат од Торони.

Гостите сместени на Халкидики во хотелот “Деспотико” денес се евакуирани поради реката која се излеала од своето корито и го поплавила целото место. Како што јавуваат, до хотелот моментално не може да се пристапи од водата.

„Во изминатите 12 часа паднаа огромни количини на дожд во Ситонија, особено помеѓу Никити и Торони. На патиштата има и лизгање на земјиштето, одрони, камења, дрвја па целиот сообраќај се одвива многу забавено. Хотелот “Деспотико” е целосно евакуиран бидејќи е потопен, реката се изли токму во негова близина, а тој се наоѓа веднаш покрај плажата”, велат од Грција.

Сите кои се нашле во небрано и на кои одморот им е уништен поради временските непогоди започнале да се пакуваат за назад.

Како што се гледа на фотографиите, улиците се зафатени од поплави, а тие се закануваат да ги уништат апартманите на приземје.

„Хаос, има три одводни канали од кои ниту еден не функционира, доколку не започнавме сами да ја исфрламе водата ќе започнеше да ни влегува во собите”, напишала една туристка под фотографијата.

Оваа временска непогода се нарекува „Медуза” и носи поројни дождови, невреме со громотевици и силни ветришта, а повремено и град па и снег.

Porto Koufo

„Медузата” се појавува по серија топлотни бранови кои ова лето ги имаше неколкупати во Грција. Како што пренесуваат грчките медиуми, поради поројните дождови кои паднале во Солун дошло до застој на сообраќајот на Халкидики и Лариса.

Невремето започнало за време на ноќните часови во неделата, а од тогаш се нема смирено. Во одредени делови од земјата било забележано како летаат покривите на куќите, други пак се целосно поплавени.

Најкритичен ќе биде денешниот ден, предвидуваат метеоролозите. Се очекува „Медуза“ да го зафати и централниот ден на Македонија.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here