Мирен протест денеска кај Драчево – „Спомен за Ненад, безбедни улици за сите“

Семејството на загинатиот Ненад Пешевски во сообраќајка на клучката кај Батинци – Драчево денеска организира протест на кој НаТочак се приклучува со возење до таму и поставување ghost bike на локацијата на сообраќајката за привлекување вимание кон небезбедноста на патот.

– Се придружуваме на протестот на семејството на Ненад Пешевски, на неговите блиски, соседи, на сите луѓе кои се потенцијални жртви на небезбедните скопски улици.  Ненад почина на 30-годишна возраст после удар од камион додека го возел својот велосипед на крстосницата меѓу Батинци и Драчево. Вакви вести слушаме речиси секојдневно. Оваа серија на убиства во сообраќајот мора да престане! Скопје е град, не бојно поле!  Има начини како да се зголеми безбедноста кои се општо познати, но недостасува политичка волја. Да ги размрдаме одговорните – порачуваат од НаТочак.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here