Мистерија: Вознемирувачки фотографии од собата во која се самоуби Крис Корнел – Фото+Видео

Полицијата на Детроит објавила фотографии од хотелската соба на Крис Корнел кои настанале по неговата смрт. На објавените фотографии не се гледа телото на починатиот музичар, но се гледа јаже, крв на подот на бањата, таблети и гитара.

Не е познато од каде толку крв, имајќи предвид дека музичарот се самоубиl со бесење. Полицијата објавила и изјава од човекот на обезбедувањето на Корнел кој го пронашол во бањата, откако неговата сопруга рекла дека Крис звучел лошо преку телефон.

– Влегов внатре и видов дека вратата на бањата беше делумно отворена и можев само да ги видам неговите стапала – и рекол Мартин Кирстен на полицијата.

Тој додал дека го тргнал јажето од неговиот врат обидувајќи се да го оживее. Набрзо пристигнале неколку медицински стручњаци, но музичарот бил прогласен за мртов. Резултатите од аутопсијата покажале дека лековите кои биле пронајдени во неговото тело не придонеле за смртта, а токсиколошките наоди покажале дека во телото на Корнел имало седум различни лекови, вклучувајќи голема доза на лек против анксиозност. Според мислењето на стручњаците, овие лекови не придонеле за смртта на музичарот.

Неговата сопруга Вики пред еден месец изјавила дека смета дека лековите се причината поради која музичарот се одлучил на самоубиство, бидејќи поради таблетите не бил свесен што прави.

Извор: Слободен печат