МОКРИТЕ ПОВЕЌЕ ОД ШЕСТ ПАТИ ДНЕВНО? Многумина мислат дека е тоа здраво, а укажува на сериозно заболување!

loading...

Додека претежно слушаме како треба да пиеме околу 2 литри течност на ден, таа количина сепак може да варира од личност до личност. Во секој случај не би требало да пиеме премалку течности, најдобро вода, со цел да не дехидрираме.

Кога чувствуваме жед, веќе сме на почетокот на дехидратација, порачуваат експертите.

А што се случува со мокрењето?

Поголемиот дел од луѓето мократ од 4 до 6 пати дневно, воглавно дење. Често морењето без порастот на дневната количина на количина на мокраќа е симптом на инфекција на мочниот меур или надразнување на истиот.

Тумор или некој друг вид на израсток кој го притиска меурот исто така може да биде причина за почестото мокрење. Надразнетиот мочен меур може да предизвика болка за време на мокрењето, но и чувство за иста потреба за мокрење, а притоа, се излачува мала количина на урина.

Вообичаено, возрасните луѓе излачуваат околу 400 мл до 2000 мл мокраќа дневно. Ако таа количина преминува преку 2,5 митри, тоа може да биде симптом на некој облик на бубрежна болест.

Поголемата количина на мокраќа обично е показател на висока концентрација на глукоза, но и намалена концентрација на антидиуретички хормон кои го создава хипофизата.

Ако количината на урина е помала од 200 мл дневно, тоа може да биде знак на затегнување на бубрегот или појава на хронична бубрежна болест.

Честото мокрење за време на ноќта може да се јаву во раниот стадиум на бубрежна болест, а ако се работи за зачестена потреба за мокрење, притоа со исфрлање на мала количина на урина, секако известете го вашиот лекар за проблемот.