Момоа со скандалозна изјава: Си ја сакам работата бидејќи секојдневно можам да силувам убави жени

Како пожар на социјалните мрежи се проѓири видеото во кое е снимен Џејсон Момоа, познат како Кал Дрого од „Играта за троновите“, кој се фали дека благодарение на својата работа „може да силува убави жени“.

Скандалозното видео е снимено уште во 2011 година, но сега стана актуелно откако Холивуд го погодина низа скандали за сексуално злоставување.

Момоа тогаш изјави:

„Што се однесува на научната и епска фантастика… ги сакам тие жанрови…Можам на некој да му искорнам јазик и да поминам неказнето… Можам да силувам преубави жени“- вели Момоа низ смеа, а веројатно тоа само на него му изгледало духовито, бидејќи потоа Џејсон бил скоро „растргнат“ од негативни коментари на интернет

Кога сфатил дека претерал, Момоа се извинил за својата непримерна изјава.

„И понатаму сум длабоко разочаран во себе поради невкусните шеги кои ги изговорив тој ден. Знам дека ни со моето најискрено извинување не можете да ги заборавите тие груби зборови. Силување и сексуално вознемирување може на секо да му се случи, за тоа се уверив од прва рака од страшните последици кои им се случија на членови на моето семејство и пријатели. Мојата изјава беше безчувствителна. Тоа е неприфатливо и искрено се извинувам поради она што го реков“, порачува Џејсон.