Мртво тело пронајдено во стан, двајца одделно претепани пред ноќен бар, прегазен пешак итно пренесен во болница…

loading...

Рано утринава околу 04.30 часот во стан на ул. „Булевар Гевгелија“ било пронајдено починато лицето Р.А. (35). Увид бил извршен, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција.

Вчера во 13.20 часот било пријавено дека на ул. „ Драчевска“во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Вектра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 16-годишник и патничко возило „Форд Галакси“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А. (27), двајцата од с.Студеничани, скопско.

По незгодата, двајцата возачи и сопатниците од возилото „Форд Галакси“ – Х.А. (51), И.А. (54), М.А. (79) и К.А. (50) и Ф.А. (32), сите од с.Студеничани, скопско, со две други возила и возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. На сите им била укажана лекарска помош.

Кај малолетникот биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај останати лица биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 10.02.2018 година во 19.00 часот било пријавено дека на ул. „Божидар Аџија“ во Скопје патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т. (49) од Скопје, удрило во пешак В.Ц. (57) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобила пешакот В.Ц. која со истото возило била пренесена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“  каде и и биле констатирани тешки телесни повреди и и била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

На 11.02.2018 година во 04.00 часот во Полициската станица Центар,  Е.Д. (33) и В.К. (33), независно еден од друг, пријавиле дека истиот ден околу 03.00 часот пред ноќен бар на ул. „50-та Дивизија“ биле физички нападнати од страна на четири непознати лица. Лицата ги удирале со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, по што побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

На 11.02.2018 година во 18.45 часот во Полициската станица Центар, Д.Б. (50) пријавил дека на 09.02.2018 година околу 07.20 час на Камениот мост во Скопје, додека се движел, бил каснат од куче бездомник за десната надколеница. Тој веднаш се упатил во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош