МВР презема мерки за пукањето на ДУИ синоќа во Чаир

loading...

Од Министерството за внатрешни работи велат дека работата на случајот од плоштад Скендербег синоќа каде што ДУИ ја прослави победата со истрели од огнено оружје.

-Се преземаат мерки и активности и работиме на расчистување на случајот – велат од Министерството.

На прашањето зошто на самото место на настанот не реагираа полициските службеници кои беа присутни додека симпатизерите на ДУИ пукаа цели шаржери во воздух, од МВР велат не е точно дека не се реагирало и дека се преземаат мерки.

За пукање со огнено оружје треба да следи прекршочна постапка бидејќи станува збор за нарушување на јавниот ред и мир. Безбедноста на присутните на плоштад Скендербег синоќа беше загрозена. Дел од куршумите завршуваа на долниот дел од катот на плоштадот, па парчиња бетон паѓаа врз новиот градоначалник на Чаир, Висар Ганиу и врз Бујар Османи.

Извор: Фокус