На едно гласачко место во Чаир ќе има прегласување

loading...

Државната изборна комисија на денешната седница ќе го разгледа и најверојатно ќе го усвои решението за повторување на гласањето во избирачкото место 2901 во општина Чаир.

Управниот суд донел одлука за прегласување на ова избирачко место со образложение дека резултатот може да влијае врз конечниот изборен резултат за оваа општина. Гласањето ќе се одржи в недела, 12 ноември.

Во избирачкото место 2901 кандидатот на ДУИ, Висар Ганиу, освои 98 гласа, а кандидатот на Беса, Зеќирија Ибрахими – 164 гласа.

На ниво на цела општина, Висар Ганиу освои 13.916, а Зеќирија Ибрахими 13.707 гласа.

Исто така, на дневен ред на седницата на ДИК е заклучок за известување за конечност на резултати од гласањето во вториот изборен круг, одржан на 29 октомври, по донесување на пресуди и решенија на Управниот суд по поднесените тужби.