На паркинг на поликлиниката Ѓорче Петров повреден пешак

Вчера во 9.30 часот на паркинг простор од поликлиниката Ѓорче Петров, на бул. „Партизански Одреди” се случила сообраќајна незгода во која е повреден пешак.

Несреќата се случила кога автомобил рено трафик, со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.П.(28) од Скопје, удрил во пешакот М.Л.(83) од Скопје.

По незгодата, пешакот со возило на Брза помош бил пренесен во Градска болница „8 Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од скопската полиција.