Најдена бомба во Автокоманда

Во скопска Автокоманда денеска градежна компанија при ископ на канал пронашла неексплодирана направа.

Според жителите станува збор за неексплодирана бомба од Втората светска војна.  Полицијата го обезбедува местото пред трафостаницата и забранет е пристапот за жителите.