НАЈНОВА ИНФОРМАЦИЈА: Прво спремете се за могу лошо, тешко и спарно време, а потоа за нов зимски удар и снег кој доаѓа на Балканот!

loading...

Во текот на следните неколку денови поточно пред да пристигне циклонот ХЕКТОР за кој детална анализа ќе објавиме во текот на денов ќе имаме МНОГУ МАЧНО, СПАРНО и ТЕШКО време а температурите на воздухот ќе бидат невообичаено високи за овој период од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 22 степени но поради релативно високата влажност на воздухот и поради транспортот на прашина и песок од Сахара температурите ќе се чувствуваат како да се повисоки од реално измерените.

Утре (четврток) ќе биде релативно суво додека во петок ќе има локални послаби врнежи од дожд.

Ваквото време многу лошо ќе влијае особено врз метеопатите кој ќе имаат појава на главоболки и болки во коските и на местата од старите рани, исто така ќе осеќаат тежина во главата и на телото а можна е и повремена нервоза како и несоница.

Викендов пак многу студен воздух од Акртикот ќе се спушти на Балканскиот Полуостров и истиот ќе донесе врнежи од снег на голем број места од северен и северозападен Балкан а истиот ќе услови и невообичаено ниски температури на воздухот кој на многу места како минималните така и максималните дневни температури на воздухот ќе се спуштат под нулата.

Поради поинтензивните врнежи на повеќе места ќе се формира нова снежна покривка додека на високите планини ќе има ГОЛЕМО зголемување на истата.

Најпогодени од овој зимски бран ќе бидат Словенија, Хрватска и Босна.

Да напоменеме дека освен кај метеопатите вакви проблеми можни се и кај обичните граѓани.

Македонија барем според моменталните анализи овој поларен бран нема да ја зафати (не барем со многу голем интензитет) но сепак ситуацијата континуирано ќе ја следиме па ќе ве информираме.

Почитувани граѓани и сограѓани одсега па натаму преку најшиот најголем метеоролошки медиум во Македонија можете да ја рекламирате вашата фирма. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил  каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба СЛАВЧО ПОПОСКИ.