Најтрогателна фотографија од комеморацијата за Глоговац

Мина Глоговац, поранешната сопруга на српскиот актер Небојша Глоговац и Милица Шќепановиќ, сопруга на починатиот актер денеска, на комеморацијата која се одржа во Југословенско драмско позориште си беа утеха една на друга.

Во салата во која се одржа комеморацијата прво влезе Мина Глоговац, поранешната сопруга и мајка на неговите два сина Милош и Гаврило, со децата, а потоа се појави и Милица Шќепановиќ, неговата втора сопруга и мајка на Сунчица.

Двете, скршени од болка, одеа една зад друга и тогаш Мина силно ја прегрнала и бакнала Милица.

Сета љубов кон Небојша, сета тага поради неговото прерано заминување од овој свет, меѓусебното разбирање и почитување и љубовта во голема мерка го одбележаа животот на Глоговац и тоа е забележано на овие фотографии.

На комеморацијата присустуваа многу колеги, пријатели и роднини. Сите српски актери со собраа во ЈДП да му оддадт почит на најголемиот меѓу нив, од Аница Добра, Ана Сореновиќ, Никола Којо, Војин Четковиќ и Сергеј Трифуновиќ кои одржаа и говори.

Моника Белучи се прости од Небојша Глоговац

Ненадејната загуба на српскиот актерски великан, не ја изненади само нацијата, туку и светот…

Откако српското глумиште изгуби уште еден великан засекогаш, многубројните колеги, пријатели како и сите кои го сакаа, преку социјалните мрежи се простуваат од Небојша Глоговац.

Една од првите која се огласи по повод загубата на колегата, пријателот и кумот беше актерката Слобода Мичаловиќ која на својот Инстаграм профил закачи фотографија со емотивна порака.

Непосредно потоа на профилот на Слобода осамна и краток коментар од убавата Моника Белучи.

Имено, таа во коментарот остави четири срциња кои имаат јасна порака на жалост и поддршка за својата пријателка Слобода.