НАСА ја слави годишнината од мисијата Плутон со прекрасна снимка од прелетување – Видео

0
18

НАСА создаде прекрасно видео од прелетување над Плутон, две години откако мисијата Њу хорајзонс ѝ ги испрати на планетата Земја своите историски слики.

Сондата ги направи своите први фотографии одблиску откако се доближи на 12.550 километри до џуџестата планета во јули 2015 година, давајќи ни нова перспектива на ледената карпа на работ на нашиот сончев систем.

Новообјавената видеоснимка на НАСА, базирана на податоци од вселенското летало „Њу хорајзонс“ и дигитални модели на Плутон, нуди неверојатен увид во тоа како би било да се зумира над џуџестата планета.

Моделот ги покажува ледените рамнини на Платон и планинските масиви, прикажувајќи го неговиот извонреден терен до неверојатни детали.

Драматичното прелетување почнува над планините југозападно од големото пространство од азотен мраз, наречено „Спутник Планитија“, објаснува НАСА.

Потоа поминува над западниот дел од Спутник, каде што тој се граничи со темниот, кратерски терен Ктулху Макула, со блоковите планински венци лоцирани во рамнините од десната страна.

Понасевер може да се видат грубите и расцепкани висорамнини Војаџер Тера, а потоа доаѓаат Пионер Тера и теренот Тартарус Дорса, на далечниот исток од хемисферата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here