„Не можам повеќе, помогнете ми“: Ќерка му е убавица, но анорексична е, се дрогира и има порнографските фотографии

loading...

Фотографиите на ќерката на легендарниот руски тенисер, Јевгениј Кафељников осамнаа на руските порно страници, а не е познато како истите беа набавени, односно дали се украдени или некој го направил ова за да се одмазди.

На фотографиите, се гледа како 19- годишната Алесија позира во прегратка на своето поранешно момче Фараон и тоа со голи гради.

Ова е само еден во низата на скандали кои младата убавица ги има зад себе, а поради нејзиниот проблематичен живот, Јевгениј (43) јавно побара помош на социјалните мрежи.

– Не можам повеќе тоа да го држам во себе, помогнете ми. Ова е нешто најлошо што може да му се случи на еден родител. Ова е пекол, остатокот од животот нема смисла. Дроги, напиша на Твитер минатата година.

Имено, овој крах следуваше откако тогаш 18 годишната Алесија се предозирала, во периодот кога раскинала со момчето. Наводно, после овој инцидент, таткото и ќерката не разговарале неколку месеци, а ова го потврди и самата Алесија со објавата на социјалните мрежи.

– Два месеци не сум го видела татко ми, не поради тоа што не го сакам, тој е мој татко и го сакам. Но, сакам да се пронајдам себе, напиша таа.

Неодамна, руските медиуми пренесуваа дека синооката Русинка завршила на интензивна нега поради лоша физичка и психичка состојба, но оваа вест ја негираше тенисерот.

Во февруари таа ја красеше насловната страница на познатиот руски магазин “Татлер”.

– Луѓето често ме прашуваат што се случи со мене и низ што сè сум поминала. Сите одговори му ги дадов во интервјуто за магазинот “Татлер“ и тоа е моето најдрагоцено интервју како и прва насловна страна. Сакам да им се заблагодарам на моите родители и модни агенти, бидејќи веруваа во мене, напишта таа на Инстаграм.