МОДРИНКИ И ИСКРШЕНИ ГЛАВИ: Неколку тепачки ноќеска

loading...

Голема тепачка во Чаир на спортски меч<\h2>

На 13.01.2018 година во 19,20 часот, во Скопје, во спортската сала „Шабан Трстена“ во која се одржувал кошаркарски натпревар меѓу кошаркарскиот клуб „Шкупи“ и кошаркарскиот клуб „Пелистер“, по завршување на натпреварот, од трибините каде што биле навивачите на домашниот клуб, била фрлена петарда кон клупата каде што седеле играчите на кошаркарскиот клуб „Пелистер“.

Тие кои потоа возвратиле со фрлање пластично шише полно со вода кон навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“. Потоа навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“ ја прескокнале оградата од трибината и нападнале неколку играчи од КК „Пелистер“.

Со повреди се здобиле техничкиот раководител на клубот и еден од играчите.

При интервенцијата за спречување на насилството, повредени се двајца униформирани полициски службеници.

Веднаш бил известен Јавен обвинител. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.

Тепачка во скопски хотел

На 13.01.2018 година во 16.45 часот пријавено е дека во хотел во Скопје, настанала расправија меѓу К.Д. и И.Д. (55) од Скопје, при што К.Д. го удрил И.Д. во пределот на лицето.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Тепачка меѓу роднини во Охрид<\h2>

На 13.01.2018 година во 17,15 часот во Охрид, дошло до меѓусебна расправија помеѓу А.Х. (55) од Охрид и неговиот роднина У. Х. (60), при што А. Х. со нож го прободел У. Х. во пределот на раката и главата.

Повредениот бил пренесен во Медицински центар -Охрид, но поради сериозноста на повредите бил препратен во Клиничкиот центар-Скопје,додека А.Х бил приведен во СВР-Охрид.