НЕВЕРОЈАТНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Погледнете во каква убавица се претвори младата Антониа Гиговска

loading...

Со успешниот настап на „Пинкови ѕвездички“ каде што јавноста имаше можност да ја запознае младата Антониа Гиговска но и со своето учество кое таа го зема во мјузиклот „Тајно моја“, Антониа стана позната македонска музичка дива.

Освен на професионален план со текот на годините успешно напредуваше и со нејзиниот физички изглед, фотографиите во продолжение се доказ за тоа како ова младо девојче со своите 17 години се трансформираше во прекрасна девојка, погледнете:

 

 

Во етер излезе и нејзиниот долгоочекуван видеоспот „Слаба Страна“, кој всушност е и нејзиното најново музичко остварување. Песна на која како автори се потпишаа братско-сестринскиот тандем Лазар и Магдалена Цветковска.

Песната веќе неколку недели е објавена по речиси сите радиостаници во Македонија, а коментарите се и повеќе од позитивни.

Како режисер на спотот се потпишува Бане Поповиќ и неговата „Томато-продукција“, а особено придонес имаат момците и девојките од „Beatrix Crew“, вештите раце на Даниел Николовски и „Fashion Group“. Слушнете ја „Слаба страна” во побрз ритам: