Неверојтна трансформација на овој млад Македонец за само една година! – Фото

loading...

Седумнаесет годишниот Стоилковски Петар од Крива Паланка е доказ дека со напорна работа и трпение, се е возможно. Нека неговата приказна, која е далеку од крајот, ве мотивира и вас во реализација на вашите соништа.

– Во животот е најлесно да се препуштиш на срцето за да ти избере некаква цел, само тоа и ништо друго може да те насочи кон најправилното нешто за твојата иднина. Претпоставувам дека секој во животот има некоја цел, без разлика на туѓите ставови и размислувања, секој напорно работи за да го постигне тоа што го наумил, добро или лошо. Многумина тоа го менуваат за краток период, доколку нема успех или има не доволно вложен труд, целта се запоставува и многу е тешко да се зацрта нова. Пријателски совет би ви дал никогаш да не се откажувате од тоа што го сакате, макар и да е на крајот на светот, ништо не е невозможно.

Достигнатата цел со уживање и без никаков труд е многу различна од целта која што е надмината со мака и пот. Мојата тема е бодибилдинг, целта ми е насочена кон искачување на врв од кој што ќе можам јас да ги видам сите, самиот да знам дека сум на врвот, не сите да ме видат мене. Откако наполнив десет години прв пат тргнав со мојот татко во теретана. Од самиот влез, тој сјај во очите, таа љубов на прв поглед кон здраво и фит тело, тоа не може да се опише со ниту еден збор. Од тогаш си имам зацртано цел дека еден ден ќе го имам најубавото тело. Од тогаш па се до мојата шеснаесетта година барем еднаш до двапати неделно одев на тренинг. Откако наполнив шеснаесет години, решив да го зацртам денот од кој ќе почнам секој ден да одвојувам време за напорен тренинг во кој што давам се од себе. Моментално сум на седумнаесет години, преостануваат уште точно шест недели кои ме делат од мојот прв натпревар, првиот обид за да се победам самиот себе, првата желба која што со целото срце посакувам да ја остварам, да докажам дека секој труд се исплати, дека ништо не е залудно.

Најмалку ми е битно дали ќе освојам прво место или ќе добијам некаква награда која што би ја потрошил за краток период. Моето исполнување на душата ќе биде излегувањето на бина, излегувањето на врвот, пред сите, покрај други личности со кои што заедно имаме иста цел, иста желба, но различен напор, тие не се мои противници, никој од нив не би се осмелил да го понижам доколку се истакне повеќе или помалку од мене, секој заслужува да даде се од себе и да види до каде му е завршена поставената цел. Секако овој натпревар нема да биде крајот и нема да ги зацрта моите цели како решени, секој следен ден со повеќе работа да се надминам самиот себе, да го надминам претходниот успех и неуспех, да го победам стравот во мене и да докажам на сите дека во нашите мали срца постои огромна љубов кон спортот и здравиот начин на живеење, не одделува од сите кои што не го сакаат спортот и се спротиставуваат, без разлика на каков тип на активност станува збор.

Мојата љубов кон фитнес и бодибилдинг е неопишлива, тоа е нешто што ми го смени животот, животот кој што содржи секојдневна здрава исхрана, редовни тренинзи, вишок енергија и надополнето расположение кое што е беспрекорно. Откако го запознав ваквиот начин на живот, моето тело нема потреба од било какви штетни состојки кои би го загрозиле мојот организам. Не чекајте друг да одлучува и да раководи со вашето тело, тоа е само ваше и посочете го кон тоа што ви посочува срцето.

Испртатено до Петар Стоилковски, 17 – Крива Паланка

Извор: ЗаСе.мк