NinnaRed – Модна дама која со својата појава ги собра погледите на Модниот викенд во Скопје

Изминативе денови во Скопје се одржуваше шеснаесеттото издание на Модниот викенд на кој се појавија голем број на јавни лица и беа претставени прекрасни домашни дизајнерски парчиња облека. Ова е одличен начин за промовирање на себеси и сето она што го носиме со себе, но и покрај големите и докажани имиња на модната сцена кај нас ние ја одбравме младата модна блогерка позната под името NinnaRed како најстилска дама на овогодинешното издание.

Image may contain: 1 person, standing and shoes

Николина Славковска или NinnaRed полека но сигурно го добива своето место во светот на модата. На модниот викенд можевме да ја видиме во четири различни стајлинзи кои не можеа да останат незабележани од присутните, а насмевката е нејзиниот заштитен знак со кој на прв поглед освојуа.

Image may contain: 1 person, standing

Таа е модна испирација, доказ за вистинска скопска дама и една од ретките кај нас која не се плаши да се изрази себеди и да биде поразлична од другите, тоа и ја прави посебна. На јавноста и е позната како поранешна водителка на Бекстејџ и лице кое се појавува во неколку наши видеоспотови. Доколку и вас успеа да ве освои на прв поглед можете да ја следите на нејзиниот официјален инстаграм профил @ninnared или на фејсбук.

Image may contain: 1 person, smiling, standing and shoes

(Наталија Јосифоска)