Нов хит во Јапонија: Розево Ламборџини кое ги шокираше Јапонците

Кога ќе се спомене автомобилскиот бренд Ламборџини, веднаш напамет нѝ паѓаат врвни спортски автомобили кои ги соборуваат брзинските рекорди.

Меѓутоа, во Јапонија се појави посебен модел на Авентадор кој ги шокираше сите Јапонци. Станува збор за розево Ламборџини кое е украсено со специјална мат фолија.

Автомобилот не само што е розова боја, туку е украсен и со стотици дијаманти кои се поставени по каросеријата во облик на трибални контури. Многумина сметаат дека со ова е уништен класичниот изглед на Авентадор, но постојат и такви кои велат дека ова е уникатен начин на разубавување на автомобилот, со што истиот добива некаков печат.

Сè уште не е познато кој е сопственик на овој модел, но сигурни сме дека Парис Хилтон ќе посака еден ваков модел во нејзината колекција.