Нов парк за миленици во Ново Лисиче

Скопје добива уште еден нов парк за миленици. Истиот е лоциран во Ново Лисиче, Општина Аеродром, во паркот долж булеварот АСНОМ, до седиштето на Фудбалската федерација на Македонија.

“Во Скопје има голем број на домашни миленичиња и ние работиме на овозможување на подобри услови за нив и нивните сопственици.” – кажа градоначалникот Трајановски.

Ова е трет ваков парк кој го гради Градот Скопје во зелените површини коишто се во негова надлежност. За потсетување, првиот ваков парк беше изграден во рамките на вториот дел на Градскиот Парк во 2011 година, на површина од околу 1 200 квадратни метри.

Вториот ваков парк беше изграден во рамките на првиот дел на Паркот Македонија, во 2012 година, на површина од околу 1000 метри квадратни.