НОВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ВОЗАЧИТЕ

Во текот на денов, РКЕ (Регулаторната комисија за енергетика) ќе ја соопшти својата одлука за новата цена на горивата во Македонија која ќе важи во следните две недели.

Комисијата пред точно две недели донесе одлука со која цената на горивата беше покачена за половина денар по литар.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 е 66,50 денари по литар, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 68 денари по литар.

По зголемувањето на акцизата на нафтата на 1-ви јануари, цената на ЕУРОДИЗЕЛОТ се зголемува за 3,5 денари и таа изнесува 58,5 денари за литар.

Новите цени ќе започнат да важат од полноќ, а се очекува блага корекција на цените во нагорен правец.