Од 1000 до 3000 евра отштета ако ве касне куче скитник

Доколку ве касне куче скитник, имате право да барате отштета од Град Скопје и Комунална хигиена, а висината на отштетата која треба да ви се исплати се движи од 60.000 до 180.000 денари, во зависност од возраста, степенот на повредите и последиците од нанесените повреди.

На адресата на градските власти само во последните две години по основ на надомест на штета поради каснување од куче има пристигнато 68 тужби. Некои се веќе завршени, а некои се се уште во тек меѓутоа точниот број на исплати се уште не е познат, информираат од Град Скопје.

Тужбите се засновани врз основа на член 10 од Законот за Град Скопје и член 28 од Законот за заштита и благосостојба на животните.

Во овој период, се почесто се регистрираат нови случаи на жртви од напад и каснување од кучињата бездомници.

Само изминатиот викенд петмина скопјани пријавиле дека биле нападнати и каснати.