Од јули граѓаните и фирмите ќе плаќаат пониска казнена камата

Од јули граѓаните ќе плаќаат пониски казнени камати за неплатените сметки за комуналии како и за задоцнетото плаќање на ратите за денарските кредити.

Освен износот во сметките за потрошената струја, вода, парно, многу често се случува да имаат и насобран долг од затезна камата. Првиот ден од доцнењето на кредитот пак, банкарите освен редовна годишна им наплатуваат и законска затезна камата.

Од 11,75% казната ќе се намали на 11,25% на годишно ниво. Мало намалување има и на казнената камата на заостанатите долгови на фирмите.

Од банките велат дека се подготвени за пониски казнени камати. Тие ги следат промените на рефернтната стапка која што која е основа за пресметка на казнената камата. НБРМ последен пат ја намали на 3,25%.

Пресметките за висината на казнената камата се прават два пати годишно. НБРМ има обврска да ја објави референтната каматна стапка за пресметка на казнената каматна стапка на почетокот на секое полугодие.

За кредитите во девизи важат други правила, а висината се одредува со висината на едномесечна стапка еурибор зголемена за 10%.