Од секси-посекси: Џенифер облече 8 комбинации на концерт пред Супер Боул

loading...

Џенифер Лопез пееше хит по хит, ја одбележа годишнината со Алекс Родригез, премиерно изведе нова песна, му оддаде почит на Принц и промени ОСУМ костими за време на концерт во Минеаполис.

Додека ги пееше своите хитови меѓу кои „Waiting for Tonight“, „Jenny from the Block“, „On The Floor“ и „I’m Real“, 48-годишната ѕвезда промени неколку аутфити – од леопардски комбинезон и спортски дрес, до провокативен костим во кабаре стил.

Концертот беше на првата годишнина на Лопез и Алекс Родригез, па таа не пропушти да го одбележи тоа.

„Заедно сме една година. Не сакам да бидам сентиментална, но бејби, оваа песна е за тебе. Те сакам“ – рече таа пред расположената публика.

Во сите комбинации изгледаше бомбастично и го истакна своето совршено тело на кое се му прилега одлично.