ОГЛАС ЗА РАБОТА: Се бара претседател на Русија

Руската веб-страница за барање работа објави несекојдневен оглас за вработување. Огласот гласи За работно место – Претседател на Русија, а во него се наведени и потребните услови кои треба да ги исполнува кандидатот.

Овој оглас се најде на популарната страница за барање работа “Суперџоб“ каде е наведено дека за работното место претседател на Руската Федерација може да конкурираат кандидати над 35 години, а полот, образованието и искуството воопшто не се важни.

Тие мора да бидат социјално активни и патриоти, а идеалниот кандидат треба да поседува руско државјанство најмалку во последните 10 години и мора да знае барем еден странски јазик. Тој треба да биде подготвен за постојани службени патувања.

Главни обврски на ова работно место се поптишување на државни закони, меѓународни договори, амнестија и многу други нешта.

На личноста којашто ќе ја добие оваа работа ќе и бидат доделени службен авион, стан, викендица, лична канцеларија на Кремлин и бесплатен рпевоз од дома до работа.

Компанијата Суперџоб со овој гест сака да ги потсети луѓето дека и позицијата претседател на државата е работно место.