(ВИДЕО) Ограбена секс продавница само за една секс кукла

Сек-шоп во Австралија се најде на мета на провалник кој очигледно имал само една цел на неговата кражба: секс-куклата Дороти.

Безбедносните камери на продавницата во Мелбурн го снимиле крадецот како ја обива задната врата со помош на клешти за сечење жица и противпожарен апарат.

Од продавницата тој излегува само со една секс-кукла, Дороти, која чини 4.500 долари.

Дороти е русокоса висока 168 сантиметри, тешка околу 50 килограми и изработена е од специјални материјали што даваат впечаток на вистинска човечка кожа.

Полицијата уште трага по крадецот.