Ограбена спортска обложувалница во Кисела Вода

Две непознати маскирани лица синоќа ограбиле спортска обложувалница на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода, соопшти МВР.

Според Х.А. која околу 22:40 ја пријавила кражбата, сторителите со закана со пиштол го одзеле дневниот промет и побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за нивно пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here