(ФОТО) Огромна векна леб ги зачуди скопјани

Огромна векна леб е поставена на скверот близу булеварот Партизански одреди на автобуската постојка.

Се работи за герила-акција на млади луѓе, како нивен придонес во борбата против сиромаштијата. Урбаната уметничка акција предизвика интерес кај минувачите.

На транспарентот под векната леб пишува: „Стапката на сиромашни лица во Република Македонија изнесува 21,5% или над 450 илјади луѓе. 70.000 луѓе во Македонија може да си дозволат само три достојни оброка неделно. Над 100 илјади луѓе преживуваат со помалку од 100 денари дневно“.

 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here