„One night in America“ – голем добротворен концерт на американска музика

Македонско американската алумни асоцијација (МААА) има особена чест и задоволство да ја извести јавностa дека организира голем добротворен концерт на американска музика во изведба на Биг бендот на МТВ кој ќе се одржи во новата зграда на Македонската филхармонија на 1 декември 2017 /петок/ од 20 часот. „One night in America“ е замислен како едно патување низ најпопуларните композиции на американскиот поп и џез од Френк Синатра до Ела Фицџералд. Средствата од концертот ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Концертот го организира Македонско – американската алумни асоцијација (МААА). Билетите за концертот се во продажба на билетарницата на Македонската филхармонија и онлајн

One night in America