Општина Центар ќе прави новогодишна прослава со пари од спонзори

Општина Центар ќе организира новогодишна прослава на сквер „Јадран“ со пари од спонзори.

Градоначалникот Саша Богдановиќ рече дека и годинава ќе има прослава за Нова година во Центар, но нема да се трошат пари од буџетот. Нема ниту да се носат пејачи од странство, туку граѓаните ќе ги забавуваат домашни пејачи и групи.

„Во буџетот имаше предвидено 6 милиони денари за новогодишна прослава. Тие пари ги пренаменивме за чистење на општината и хуманитарни цели, а за Нова година во преговори сме со спонзори. За да се потрошат помалку средства нема да поставуваме бина, туку ќе ставиме маси и тоа ќе биде еден вид кафеана на отворено“, рече градоначалникот Богдановиќ.

И годинава како лани Град Скопје нема да прави прослава за Нова година. Градоначалникот Петре Шилегов најави дека Скопје само ќе се накити, а 50.000 евра кои спонзорите ги предвиделе за прослава ќе се донираат во Клиниката за белодробни заболувања на деца во Козле.

Извор: Сакам да кажам