Отворено со Саше Димовски: Да се живее со делумна ампутација на нога, бајпас, срцев удар и да не се чека судбината да одреди темпо

loading...

Дијабетес, делумна ампутација на ногата, операција за бајпас, па срцев удар со два стента, редовно третирање на дијабетско стапало… Звучи и опасно и страшно и никој не би сакал да поминува низ таква здравствена голгота. Но, тоа е реалниот живот на новинарот Саше Димовски, кој по две години има чувство дека повеќе е по болници отколку дома. И покрај тоа, тој е насмеан, пријатен и подготвен за секој нов ден. Има посебен марифет за болеста да не е поголема од него, а тоа е работа, ред, дисциплина и многу, многу шега, пишува Факултети.мк.

Очекувам увоз на лекот „не нервирај се“

– Знаете како велат, шеќерот е царска болест, не боли, но ако не се дијагностицира навреме и не се интервенира, последиците се многу страшни. Дијабетес тип 2 е модерна болест која сè почесто му се припишува на стресот и зазема сè поголеми размери. Токму затоа и тешко е да се контролира. Колку и да имате добар лекар кој ќе ви ја одреди терапијата, секој треба да е свој доктор и да го проверува нивото на шеќер во крвта, пред и после секој оброк, и на тој начин да интервенира во количината на инсулинската терапија – вели Саше.

Се надева дека тој што ќе измисли лек кој кај дијабетичарите со тип 2 ќе го држи под контрола шеќерот веднаш ќе добие Нобелова награда.

– Затоа, многу е важно да се знае дека шеќерот кој реагира на стрес може да се покачи и на добри и на лоши вести еднакво. Сè уште очекувам да го увезат лекот „не нервирај се“ за да почнам да го земам. Тоа е лек за кој сите се „доктори“ и секојдневно ми го препишуваат, ама го нема по аптеките. Дотогаш, ќе мора сè да биде само ред, работа и дисциплина – раскажува.

Ногата спасена од целосна ампутација, ама стресот го зема данокот

Како резултат на шеќерот, прво се појавило дијабетско стапало, кое, како што раскажува, одредени лекари го препознале погрешно како циста.

– Ми направија операција од која поради недоволно лекарско внимание при преврските и појава на тромб, преку ноќ се појави флегмона (воспаление на масното ткиво кое забрзано се шири), па следуваше болничка хоспитализација и делумна ампутација на ногата, со дијагноза дека треба да се ампутира цела нога. Ја напуштив државната клиника на моја одговорност и заминав во друга, приватна, каде што ми беше направена нова операција, бајпас, за да се спаси ногата од целосна ампутација – вели Димовски.

Повеќе на Факултети на следниот линк.