ОВА Е ЗНАК ДЕКА ИМАТЕ ВИСОК IQ

loading...

Студијата спроведена на Универзитетот во Рочестер открива како на едноставен начин да проверите колкав IQ има некоја личност со помош на визуелна задача.

Едноставна вежба ја мери несвесната способност на мозокот да филтрира визуелни движења, пишува на страната на Универзитетот. Студијата покажала дека поединци чиј мозок е подобар во автоматско препознавање постигнуваат подобри резултати на стандардните тестови за интелигенција.

Учесниците во истражувањето следале кратки видеа со исечоци од црни и бели шипки кои се движат низ мониторот. Нивна задача било да ја утврдат насоката на нивното движење, дали се движат на лево или на десно. Шипките се прикажани во три големини. Учесниците го решиле и стандардниот тест за интелигенција.