Ова не е обичен ден: 7 работи кои НИКАКО не смеете да ги правите на Денот на вљубените

loading...

За некои 14 февруари претставува уште еден обичен ден, сепак било да сте рамнодушни, вознемирени или возбудени прочитајте што никако не смеете да направите на овој ден:

1. Не закажувајте прв состанок

Првите состаноци се доволно тешки, што би значело дека дополнителниот притисок поради Денот на вљубените е потполно беспотребен. Големи се шансите дека и двајцата ќе ја поминете вечерта во лажни очекувања, надевајќи се дека е тој, оној вистинскиот или едноставно едвај ќе чекате да се вратите дома во вашите пижами. Ова не е ден кога треба да ризикувате, поместете го состанокот за наредниот ден и доведете ја во прашање неговата личност ако е тој оној кој го дал самиот предлог.

2 Немојте да се жалите

Нема ништо полошо од некој кој по цел ден се жали поради животната состојба, поради главоболка, отчукувањето на биолошкиот часовник, љубовниот статус и слично. Сочувајте го достоинството, пошегувајте се на сопствена сметка, а сето останато оставете го за својот блог. Негативноста раѓа негативност што доведува до тоа, нејзиниот ефект да го чувствуате цел ден, како и сите други околу вас.

3. Немојте да му се јавувате на поранешниот дечко

Никако! Ако воопшто за тоа додека престрашено седите во својата соба и слишате тажна музика, престанете! Природно е во текот на овој ден вашите мисли да летаат накај вашата последна љубов, но врската сте ја прекинале со причина и дури ни Купидон не може да го исправи тоа.

4. Немојте да пиете

Последното што ви треба е пијани да го преживеете денот на вљубените. Додека е совршено прифатливо да се средите и да излезете со своите другарки на Валентајн, немојте да ја предизвикувате вашата дива страна. Запаметете, ова е само уште еден обичен календарски ден, а тоа што ќе се напиете четири текили нема да поправи ништо во вашиот љубовен живот.

5. Не се потценувајте себеси

Ова е најважно! Вашата сила и вредноста на сестра, ќерка и пријателка никако не смее да ја одредува врската. Фокусирајте се на она што до сега сте го постигнале или на она што го сакате. Кога ќе видите колку сте сакани и ценети, ќе сфатите дека вашите способности се многу поголеми она да „уловите“ момче.

6. Не бидете сами

Шансите да го направите она на што апелираме се многу поголеми доколку овој ден го поминете сами. Затоа, соберете ги пријателите на вечера, одете со нив на забава, отворете чаша шампањ со своите другарки… Направете било што со што ќе се опкружите со љубов. Ова е најдобар начин да бидете сигурни дека овој ден ќе го поминете фокусирани на се освен на прекрасната (друга) љубов во вашиот живот.

7. Не заборавајте ги битните работи во животот

Ова е во корелација со фактот дека не смеете да се потценувате себеси. Леесно е да се ставите во расположение на романтични комедии, свеќи, поранешните љубови, ружи, чоколади и слично иако во во животот постојат подеднакво важни, ако не и поваж и работи. Од кров над главата до прекрасни колекции на лакови за нокти и останати работи кои го прават вашиот живот извонреден.