Ова се ИЗВОРНИТЕ предвидувања на Баба Ванѓа за “Водачот Владимир“ и Македонија

loading...

Ванѓа се смета за пророк од рангот на французионот Нострдамус. Вангелија Пандева Димитрова позната како Баба Ванѓа е родена на 31. јануари 1911 Срумица – 11 август 1996 Петрич – била позната јасновитка од Бугарија, родум од Македонија. По нејзиниот брак, таа го добива презимето Гуштерова. Најголем дел од нејзиниот живот го поминала во регионот Рупите на Кожуф планина во Пиринска Македонија, Бугарија. Верниците ѝ припишуват дека имала можност за предвидување, претскажување, разговарање со цвеќиња и ментално да посети различни места на земјава. Денес, голем број на информации можат да се најдат во книгата посветена за неа, а напишана од нејзината внука.

Таа ја знаела точната дата на својата смрт и пред да почине рекла дека дарба како нејзината наследило 10-годишно слепо девојче кое живее во Франција, и за кое наскоро ќе слушнеме.

Пророштвата на Ванѓа од Струмица се планетарно познати и анализрани. Многу од нив добиле своја потврда, а дел не. Меѓу оние кои се случиле најмногу има настани од политиката.

Но, луѓето не се толку заинтересирани за политиката колку за богатсвото за кое сметаат дека Ванѓа го имала, или владеела, и кое се бара и по нејзината смрт. Интересно е дека жителите на Петрич, каде што живеела и умрела наречницата Ванѓа се уште веруваат дека некаде во близина на нејзиниот дом е закопана голема статуа на мистериозен коњаник – од чисто злато. Постојат многу други кои пак тврдат дека златната статуа го претставува римскиот император Константин! За обичен човек е просто несфатливо како е можно да се има таква моќ, каква што имала Ванѓа, а да не се употреби за стекнување богатство.

Но, во оваа прилика, ние ќе се свртиме кон нејзините претскажувања во политиката.

Баба Ванѓа: Осмиот владетел на Русија Владимир име ќе стане господар на светот
На почетокот на 80-тите години од минатиот век во живот на Ванѓа, очигледно, се јавува сосема нова фаза.. Повеќе од кога било порано, од времето кога претскажува (1941) почнува да “гледа” интенивно и детално – во иднината – и блиски и далечна. Нејините блиски истакнувале дека во почетокот на 1981 во еден момент извикала – внимавајте, наскоро ќе добиеме нови, претходно непознати болести меѓу луѓето. Секој, дури и оние кои никогаш не страдале, ќе се разболува од таквите нови болести. Сепак, поради тоа што е во наша моќ, можеме да направиме нешта со кои тоа ќе се запре. Набргу, се појавуваат болестите како СИДА, птичјиот грип…

Ванѓа, во тие години, на своите блиски им зборувала: човештвото на почетокот на 21 век ќе најде спас од ракот. Таа зборувала: -Ќе дојде ден кога ракот ќе биде окован во железнен синџир. Објаснувајќи дека лекот за рак “ќе содржи многу железо” …

На почетокот на 1988 година Ванѓа порачала: – Ние сме сведоци на значајни настани. Двајца од најголемите владетели на светот ќе се ракуваат (во тие години се мислело на Реган и Горбачов). Ќе протечат многу води потоа низ реките во Русија, но тоа нема да остане така, намерите нема да се случат. Се додека не пристигне “осмиот” владетел, како што говорела Ванѓа, со кого ќе дојде до мир на земјата. Кога Ванѓа ова го зборувала, во Русија владеел Борис Елцин, и употребувајќи го зборот “следниот владетел”… без да го спомне името, се испоставило дека нејзините најави се однесуваат на Владимир Путин. Патем, таа објаснува: – Тоа ќе биде неочекувана личност!

За воља на вистината, нејзините хроничари потсетуваат и на една нејзина претходна изјава, дадена во 1979 година: “Се исчезува и се топи, како мразот, но само едно останува непроменето -. Славата на Владимир, славата на Русија. Тај ги отстранува сите од својот пат, и не само што ќе се сочува туку ќе стане господар на светот “… Таа заклучува дека Русија повторно ќе стане империја!

Не треба да се потсетува особено дека тоа е кажано во време на силниот Советски сојуз, кога зборот Русија ретко кој воопшто и го употребувал. На кој Владимир таа мислела, останува мистерија. Нејзините толкувачи велат дека, покрај другите со тоа име, има три големи и влијателни владетелски личности во руската историја: Средновековниот руски кнез Владимир Долгоруков, Владимир Ленин и Владимир Путин. А кога ќе се преброи, токму Путин е осмиот Владимир, владетел во руската историја …

Некаде, како што велат, во јануари 1989 година Ванѓа извикала: – Страв. Страв. Браќа Американци ќе паднат, железни птици ќе ги исколват. Волците ќе лелекаат во жбуновите, невина крв ќе потече … во септември 2001 година со терористички акции изведени со авиони во Њујорк се уништени кулите “близначки” – Светскиот трговски центар. Во оваа прилика нопходно е да се потсети дека нападот се случил во време кога американски претседател беше Џорџ Буш (Буш – на англиски значи грмушка, жбун)?

На почетокот на 1993 година Ванѓа рекла – СССР ќе се обнови во првата четвртина на 21 век. И речиси пред нејзината смрт, што е и нејзиното последно пророштво, таа зборува:

– Доаѓа време на чуда и откритија во областа на нематеријалното. Ќе видиме големи археолошки откритија, по кои драстично ќе се промени разбирањето на светот кој го знаеме денес. Сите скриени злата ќе се појават на површината, но земјата ќе остане без вода … Тоа нејзинато пророштво се уште не е протолкувано, како и неговото продолжение:

– Нашите внуци, за околу 200 години, ќе бидат во можност да се воспостави контакт со браќата по разум од други светови.

Пред својата смрт, Ванѓа ја заврши својата мисија со зборовите:

– На Земјата, одамна живеат дојденци од другите светови. Од каде доаѓаат? Од планетата која тие го нарекуваат Вамфин. Таа беше, како што зборувала, планета која е трета од земјата, без да наведе каде е тоа, или во која насока е…

Освен овие, кои се нејзините познати пророштва за нам блиската иднина:

2018 – Европа ќе биде биде се повеќе испразнета, со се помалку луѓе;

2018 – Новата голема сила, светска држава, ќе стане Кина. Земјите во развој се експлоатирани ќе станат експлоататори;

2023 – Незначително ќе се смени земјината орбита;

2025 – Европа е ретко, слабо населена;

2028 – Пронаоѓање нови извори на енергија. Заминување на летала со човечки екишаж на Венера;

2033 – Мразот на земјата се топи. Расте нивото на океаните во светот;

2043 – Светската економија се развива. Со Европа владеат муслиманите;

2046 – Ќе може да се создаваат и одгледуваат човечки органи, и нивната замена во човекот ќе биде главна за медицината;

2066 – За време на напад врз тогаш муслиманскиот Рим, САД за прв пат ќе применат ново оружје со кое се создава студ и замрзнување;

2076 – Со земјата владее ново безкласно оптество – комунизам;

2084 – Природата полека заздравува;

2088 – Се појавува нова болест – стареење за неколку секунди;

2097 – Болеста на брзото стареење е победена;

2100 – Вештачко сонцео почнува да ја осветлуваа и темната страна на Земјата;

Легендарната претскажувачка Ванѓелија Гуштерова, попозната како Баба Ванѓа во едно свое претскажување предвидела дека Македонија ќе има финансиски проблеми се додека не почне со работа рудникот “Алшар”.

Ова таа му го кажала на извесен С. Синадиноски кој ја посетил Баба Ванѓа во деведесеттите години од минатиот век, кога бил ангажиран на одредена функција во Владата на Република Македонија.

Според негови познаници тој кај Баба Ванѓа бил приватно, но покрај тоа прашал и добил одговор и за Македонија.

Одговорот од познатата претскажувачка бил дека нашата држава ќе биде во криза, се до оној момент додека власта во земјата не го даде рудникот, кој е единствено наоѓалиште на талиум во светот.

Интересно е што Ванѓа во дел од нејзините предвидувања за милениумот пред нас , претскажала дека планетата Земја покрај познатто Сонце, ќе ја грее вештачко сонце ( најверојатно мислела на некој неисцрпен извор на енергија ), а соред научниците токму со талиумот може да се дојде до неисцрпен извор на енергија.

Алшар е рудник на планината Кожуф во кој за првпат е откриен талиумовиот минерал лорандит.

Историјата на Алшар започнува уште од времето на античка Македонија, преку римскиот период и Османското Царство до денес. Историјата на рудникот Алшар е многу интересна, но малку позната и документирана. Станува збор за рудник што има особено голема традиција. Минерали од Алшар се најдени и во археолошките остатоци на Стоби.

Во пишувани документи рудникот рудникот Алшар се споменува во турските тефтери од 1481 година. Во овој документ, кој се однесува на Рожденскиот атар (селото Рожден е во близина на Алшар), се споменува годишниот приход на турскиот султан кој изнесувал 13,380 акчиња, од кои 1,500 акчиња се дел од продажбата на арсенската руда од Алшар. Во текот на 15 и 16 век регионот бил добро развиен како резултат на дејноста во рудникот Алшар.

Следни податоци за работата на рудникот се среќаваат во документи од 1877 година, кога почнала да се формира и рударската населба Мајден. Во тој период Алшар бил даден под концесија на англиско-француска компанија со седиште во Солун, а работите во рудникот ги надгледувал инженерот Шарто. Во почетокот во рудникот биле вработени 500 работници. Денес, во долните делови на селото Мајден се забележуваат траги од старата сепарација на арсенската руда. Вака издробената и сепарирана руда со каравани со коњи и маски се транспортирала во Солун, а оттаму со воз во топилниците во Фрајберг, Германија. Токму од тие вагони биле земени и првите примероци во кои било откриено присуството на минерали на талиум (крај на 19 и почеток на 20 век). За време на балканските и Првата светска војна рудникот престанал со работа.

Геолошки истражувања

По Втората светска војна рудникот бил главно геолошки истражуван, а редовно експлоатирање не било воведено. Истражувањата до 1965 година резултирале со откривање количество руди на антимон, арсен и на талиум. При истражувањето е утврдено постоење на талиум во концентрации од 0,11-0,22%, посебно во северниот дел на наоѓалиштето наречено Црвен Дол.

Во почетокот на 80-тите години на 20 век за минералите од Алшар (особено за минералот лорандит) се заинтересирал и американскиот астрофизичар Мелвин Фридман, од аспект на употреба на талиумските минерали од Алшар како детектори на неутрината по потекло од Сонцето.