Оваа земја бара работници – минимална плата до 1.400 евра

Во август стапката на невработеност во Чешка паднала за 4 отсто, што е најниската стапка на невработеност во последните две децении.

За едно слободно работно место сега конкурираат 1,5 невработени. Во споредба со јули, стапката на невработеност се намалила за 0,1 отсто до 4 отсто, а агенцијата за вработување во Чешка, земја со повеќе од 10 милиони луѓе, регистрирала само 296.826 невработени.

Работодавците преку агенцијата за работа во текот на август понудиле 199.273 слободни работни места.

Со најниска стапка на невработеност, од 2,6 отсто, може да се пофали плзењскиот регион, што се наоѓа на запад, како и главниот град Прага, каде што е забележана стапка на невработеност од 2,9 отсто. Најголемиот дел од невработените, 6,1 отсто, се од устецкиот регион на север и моравско-шлезискиот дел од земјата.

Според методологијата на Заводот за статистика, кога ќе се земат предвид и Чесите во продуктивните години што не бараат работа и не планираат да работат, невработеноста во Чешка паѓа на дури 2,9 отсто.

Чешките компании очајно бараат работници, па затоа се насочуваат кон работници од Украина, Романија, Бугарија, Србија и Монголија.

Во моментов, просечната месечна бруто-плата во Чешка е 1.128 евра, а во Прага, каде што трошоците за живот се највисоки, просечната бруто-плата изнесува 1.424 евра.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here