Падна црн снег – Луѓето преплашени (ФОТО)

Градот Темиртау во централен Казахстан бил прекриен од црн снег.

Наместо вообичаената бела покривка во која децата сакаат да си играат, снегот повеќе изгледа како јаглен.

Многу жители, загрижени поради своето здравје, на социјалните мрежи ги повикале властите да го истражат инцидентот.

“Не може да живееме вака, се гушиме тука”, напишал еден корисник.

Посебна група научници, составена од независни еколози и владини експерти, работи на идентификација на примероците.

Темиртау е центар на металуршката индустрија во Казахастан и дом на најголемите фабрики за производство на челик во земјата.

Многу луѓе во градот веруваат дека црниот снег е последица од загадување од овој металуршки комплекс.

Бесните граѓани почнале да собираат потписи за петицијата која ја пратиле до Алија Назарбајева, најмладата ќерка на претседателот Нурсултан Назарбајев, која е директор на Здружението на еколошките организации на Казахстан.

“Снегот служи како лакмус тест, ги открива застрашувачките размери на овие штетни емисии. Сета таа прашина од фабриките завршува во нашите бели дробови, и во белите дробови на нашите деца”, стои во писмото.