Пет детски игралишта во Центар адаптирани за децата со посебни потреби – Галерија

Нови адаптирани лизгалки, клацкалки и реквизити за вежбање ќе бидат поставени на 5 постојни детски игралишта на територијата на општина Центар, соопштија од општината.

Од таму додаваат дека адаптирањето подразбира оформување простор со реквизити кои би биле достапни и за децата со инвалидитет, што ќе им овозможи безбедно да си играат, да се социјализираат и ќе имаат поттикнувачка средина за правилен раст и развој.

Реализацијата на овој проект, кој е во интерес на децата со попреченост, е на Министерството за труд и социјална политика, во партнерство со националниот Сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија „Мобилност Македонија“ и Општина Центар.

Министерството ги обезбеди реквизитите, а Општина Центар просторот. Адаптираните игралишта, според европски критериуми, ќе им бидат достапни за децата со попреченост.

Овој проект ќе го подигне сознанието за различностите од најрана возраст, како и свеста за неопходноста од социјализирање и инклузија на овие деца.
Вакво игралиште веќе е адаптирано кај централниот парк во Капиштец, а ќе се постават и на игралиштата кај Градски ѕид – „Агромеханика“, Градски ѕид – „Автомакедонија“, Градски ѕид – Зелен пазар и Капиштец – „Зебра“, велат од Општина Центар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here