По 10 години гинеколог во амбулантата во Шуто Оризари

Во амбулантата во Шуто Оризари, каде долги години наназад немаше гинеколог, од следната недела ќе почне да работи доктор-гинеколог. Со ова што се обезбедува континуирана гинеколошка здравствена заштита за жените од оваа општина, соопшти Министерството за здравство.

Во амбулантата ќе работи д-р Вјолце Мбиара, специјалист гинеколог со долгогодишно работно искуство, која меѓу другото, работела и во американска болница во Албанија.

Жените во Шуто Оризари беа оставени без матичен гинеколог цели 10 години.  Шуто Оризари е најголема општина државата, со над 22 000 жители. Се проценува дека во населбата живеат повеќе од 13 000 жени во репродуктивен период , од кои најголемиот дел примаат социјална помош, живеат во суспстандардни услови и не се здравствено осигурани.

Во многубројните апели и протести организирани од Иницијативата на жените Ромки од Шуто Оризари тие потенцираа дека немаат финасиски можности да одат во други населби, каде што, исто така имаа проблем да не бидат прифатени од матичните гинеколози.

Во еден период гинеколошка ординација беше дадена под концесија, но поради лични причини на  гинекологот ординацијата престана со работа по неколку месеци. Пред три години под притисок на јавноста почна да доаѓа гинеколог од Специјалната болница за гинекологија во Чаир , но тоа не го реши проблемот. Гинеколозите кои доаѓаа не можеа да бидат матични, односно да издаваат рецепти и упати, да праќаат во болница.

Ова, како што велат во Министертвото е трајно решение за долгогодишниот проблем, а за докторката гинеколог нема никаква дополнителна стимулација туку ќе работи под истите услови како и сите матични гинеколози.

Извор: Нова ТВ