Почина Стивен Хокинг – Чудото на медицината и еден од најголемите умови на денешнината

loading...

Стивен Хокинг, кој важеше за вистинско чудо на медицината, во раните утрински часови почина мирно во својот дом во Кембриџ.

Тој беше англиски теориски физичар и космолог, најпознат по неговата работа и истражувања за црни дупки и релативност.

Стивен во животот има напишано неколку популарни научни книги и се сметаше за еден од најголемите научници на сите времиња.

Освен тоа, на 21 година му била дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС), а докторите тогаш му дале уште 2 години за живот.

Сепак, тој ги надмина очекувањата и предвидувањата на медицината и живееше долг живот за кој велеше дека сака да го искористи максимумот од секоја минута во него.

Во јануари годинава, Стивен Хокинг наполни 76 години, а почина на 14 март, два месеца подоцна.