Почина уметникот и граѓански активист Мирослав Стојановиќ – Шуки

Почина Мирослав Стојановиќ – Шуки (1963-2018), академски сликар, мултимедијален уметник и активист. Неговата смрт настапи ненадејно, на 10 јануари, околу 17.30 часот. Имаше 54 години, известија од Цивил Медија.

Мирослав Стојановиќ – Шуки беше голем уметник и граѓански активист. Тој беше долгогодишен член на Извршен Комитет на „Цивил“ и директор на организациската единица за општествено-политички одговорна и критичка уметност и култура „Цивил Арт“.

Денес „Цивил“ отвори книга на жалоста во своето седиште, додека за погребот и комеморативните настани ќе ја информираат јавноста дополнително.