Почна нокаут фазата во Лигата на шампионите

Вчера вечер почна нокаут фазата од лигата на шампионите. Беа одиграни два дуели, помеѓу Јувентус и Тотенхем, и Манчестер Сити и Базел. Дефинитивно во очи паѓа дуелот во Торино, каде што Старата Дама го пречека лондонскиот гигант Тотенхем. Уште во втората минута Гонзало Игуаин со погодок наговести одличен меч.

Веќе во деветтата минута Јувентус имаше големи 2-0, со вториот погодок на Игуаин од пенал. Во триесет и петтата минута Хери Кејн го намали водството на 2-1. На минута пред паузата на полувремињата Јувентус добива втор пенал, кој не успеа да го реализира Гонзало Игуаин.

Тотенхем напаѓаше и го имаше поседот на топката во текот на целиот натпревар. Во седумдесет и првата минута Кристијан Ериксен го постигнува вториот погодок за Тотенхем и им носи огромен резултат и два гола на гости, пред реваншот за две недели во Англија.

На вториот натпревар Манчестер Сити ја оправда улогата на фаворит против швајцарски Базел. Натпреварот беше решен уште во првиот дел кога во дваесет и третата минута Граѓаните од Манчестер имаа 0-3, со погодоците на Гундоган, Бернардо Силва и Серхио Агуеро.

На стартот на вториот дел вториот погодок го постигна Илкај Гундоган, и ги постави конечните 0-4. Вториот натпревар можеме да кажеме дека ќе биде чиста формалност. Вечерва на програмата е големото дерби помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ, и натпреварот меѓу Ливерпул и Порто.