(ГАЛЕРИЈА) Погледни го комплетниот проект на Кензо Танге за Скопје!

Во јануари 1965 година Кензо Танге добил телеграма од ОН со прашање дали би бил заинтересиран да учествува на меѓународниот конкурс за реконструкција на Скопје, главниот град на југословенската Република Македонија. Танге прифатил и проектирал.

Ова се случува по земјотресот во Скопје во 1963 година, кога беа уништени речиси 65 отсто од градбите во градот.
Реконструкцијата беше реализирана со помош на југословенската влада помогната од странски држави и меѓународни организации.

ОН обезбеди пари за урбанистичкиот план за градот. Грчката архитектонска фирма Доксиадес и полскиот архитект Адолф Цибровски го нацртаа регионалниот план за Скопје во 1964 година, но центарот на градот, околу два квадратни километри, остана да се реши преку меѓународен конкурс. Танге ја прифати поканата. На конкурсот се пријавија 8 фирми, од нив 4 беа од Југославија, а другите од Холандија, САД, Италија и од Јапонија.

Првото место го доби Кензо Танге, а на второто место се пласира заедничкиот проект Радован Мишевиќ и Федор Венцлер. Тројцата добија задача да работат заедно на финалното решение за Скопје.

Предлогот на Танге се базираше на два метафорични концепта – Градска порта и Градски ѕид.

Еве некои фотки од тоа време, па споредете со денешната состојба.

Извор: мкд.мк