Полицијата со детали за тешката сообраќајка на патот Кавадарци-Неготино

Во два часот по полноќ на регионалниот пат Кавадарци – Неготино на влезот во Неготино, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Опел Астра“ со велешки регистерски ознаки управувано од 25-годишниот Н.А. од селото Стојаково–Богданци излетало надвор од коловозот и удрило во заштитна бетонска ограда.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Д.В.(25) од Стојаково, Н.Д. (24) од Богданци и Н.Ќ.(21) од Прдејци-гевгелиско. Со возило на Итна медицинска помош истите биле пренесени во Медицинскиот Центар во Кавадарци, каде по укажаната лекарска помош Н.А. бил задржан, додека другите лица биле пренесени во Клиничкиот Центар во Скопје.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полицијата Неготино.

Се работи на целосно расчистувањеа на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here