Посетете го Чикаго барем еднаш во животот – ЕВЕ ПЕТ ПРИЧИНИ ЗОШТО

Срцето на САД сигурно ќе ве освои уште на прв поглед, штом еднаш го посетите. Чикаго е градот кој маѓепсува со сиот свој колорит, сјај, современост и пространост.

Паркот Милениум

Доколку за прв пат го посетувате Чикаго не смеете да заминете без посета на Милениумскиот парк. Се наоѓа северно од Институтот за уметност во Чикаго, во кој се сместени врвни дела од уметноста, архитектурата и уредувањето. Паркот исто така се користи како сцена за најразлични концерти и фестивали. Повеќето посетители доаѓаат во Милениум Паркот за да ја видат Crown Fountain и Cloud Gate (порта во вид на облак), подобро познат како „The Bean“.

Уличните продавачи на препознатливиот Chicago-style hot dog.

Кога го посетувате Чикаго неможе да прошетате, а да не ги забележите малите улични колички кои продаваат хот дог. Едноставно, но навистина вкусно јадење кое е измислено уште во времето на Големата депресија во САД. Дефинитивно најпознатиот хот дог во светот! Рецептот е уникатен и навистина свеж: хот дог во специјално лепче со мак, зачинет со зелен релиш, кромид, домат, кисели краставички и лути пиперчиња.

Од неодамна можете да го најдете и кај нас!

Гранд Парк и фонтаната Бакингам

Често нарекуван и “дворот на Чикаго,” Грант Парк се простира на огромна зелена површина. Оние кои прв пат го посетуваат треба да испланирата и да одвојат значително време за прошетка во Големиот парк, бидејќи Ова е местото каде што ќе најдеат неколку од најпопуларните работи во Чикаго, вклучувајќи го The Field Museum, Институтот за уметност во Чикаго и Shedd Аквариумот.Исто така за посетителите се достапни бејзбол дијаманти, цветни градини, патеки за прошетка и широко отворени тревни терени.

Линколн Зоолошката градина

Линколн Зоолошка градина е дом на голем број на видови животни, како зебри, слонови и нилски коњи. Посетителите можат да ги видат своите крзнени пријатели во нивните природни живеалишта. Обавезно посетете ги горилата во Центарот за африкански мајмуните, или упатете се кон базенот на морски животни за да се запознаете одблизу и лично со фоките.

Патниците ги ценат сите големи цицачи кои се наоѓаат тука, како и фактот дека влезницата на зоолошката градина е бесплатна.

Музејот на наука и индустрија

Големиот Музеј на наука и индустрија во Чикаго им оддава почит на иновативните корени во градот, а во него се изложени повеќе од 35.000 артефакти и различни рачно направени експонати со цел да инспирират креативност. Овој музеј ги собра на едно место некои од најголемите научни умови во светот, вклучувајќи ги и Томас Едисон и Никола Тесла, кој во тоа време се натпреваруваа да докажат кој тип на електрична енергија – еднонасочна струја и наизменична струја – беше по ефективна.